Вардар го претстави составот за Лигата на шампиони

174

Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони каде ги чека големи битки. Македонскиот првак го претстави тимот за следната сезона во која ќе брани две титули.

Во СЦ “Јане Сандански” ќе дојдат екипите на Нант, Мелсунген и Плоцк, а Вардар се најде во групата Б. Според системот на натпреварување првите две екипи одат во следната фаза, додека последните две се селат во Европската лига.

Вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа играат два меча дома со Нант и Висла Плоцк. Следува гостувањето кај Висла, дома со Мелсунген и за крај со Нант на гости.

ПретходноПелистер со Мартин Мирчевски ќе бара кам бек во ПМФЛ
СледноСилекс е подготвен за европска битка