На нешто повеќе од еден час до стартот на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Динамо Минск и Силекс, и официјално познати се стартните состави.
Александар Васоски, стратегот на нашиот тим овој меч ќе го стартува со следните единасеттмина:
Љ. Џеков, Бутуровиќ, Шуберт, Ѓ. Џеков, Пановски, Донов, Анѓелески, Ефтимов, Шеро, Богдановски и Хасукиќ.
Од ова се гледа дека кратовци имаат и тоа како изменет состав, посебно во нападот, во однос на минатата сезона. Од клубот си заминаа Додев, Алиќ, Пиреш и Мирчевски.
Сепак да се надеваме дека Силекс ќе успее вечерва (19 часот) во Стара Загора да дојде до добар резултат, реваншот се игра следниот четврток во Скопје.










