Албанскиот тим Партизани од Тирана останува без спортскиот директор Агим Ибраини кој одлучил да се повлече од оваа позиција. Клубот пред некој ден ги почна подготовките и назначи нов тренер од Романија но проблемите со буџетот и амбициите на клубот за новата сезона биле пресудни за крај на соработката на двете страни. Партизани лани неуспеа да обезбеди настап на евро-сцената но клубот се бореше за опстанок кога Ибраими ја превзема директорската позиција. Сепак „турболенциите“ и немањето на доволно средства за добри засилувања во екипата се знак дека и во новата сезона нема да цветаат рози во клубот.
Претходно Агим Ибраими беше на истата функција и во екипата на Тирана а воедно тој е и член на УО на ФФМ.










