Првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон е Каролина Мухова од Чешка, која по драматична полуфинална битка во три сета ја победи Американката Коко Гоф со 2:1, во сетови 6:2, 1:6, 7:6 (12:10).
Таа ќе се бори за титулата против најдобрата од второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Чехинката Линда Носкова и Украинката Марта Костјук.
Ова е најголемиот успех на 29-годишната Каролина Мухова на Вимблдон и второ финале на Гренд слем во нејзината кариера, по финалето на Ролан Гарос пред три години, но сега ќе има можност да стигне до својата прва титула на најголемите турнири.










