Панче Стојанов ќе ја менаџира школата на Турново

91

Одамна го немаме слушнато името на клубот Хоризонт Турново, клуб кој пред една деценија се бореше за самиот врв во шампионатот на Македонија и клуб кој две години чесно и со образ ја представуваше нашата земја во натпреварувањата на УЕФА. Овој клуб сега е третолигаш и таму немаат амбиции за поголеми дострели. Фопкусот е ставен кон младинската школа која ги има едни од најубавите услови за работа.

Главниот терен чија што подлога е една од најдобрите во земјава и затворен стадион (сала), со вештачка трева. Новитет е тоа што од пред некој ден Панче Стојанов е назначен да ја менаџира работата со школата.

„Имаме околу стотина деца и се натпреваруваме во четири категории. Тоа е нашата главна цел во овие времиња. Да работиме и да се грижиме за младите фудбалери. Затоа го ангажиравме и Панче Стојанов, човек кој се има докажано во земјава и како фудбалер но и како тренер“, ни изјави Орце Тодоров за стратегијата на неговиот клуб.

Панче Стојанов е поранешен репрезентативец на Македонија, а како тренер беше во трите струмички тима од Хоризонт Турново, Беласица и Брера. Тој воедно е и помошен тренер во младинските репрезентации на ФФМ.

ПретходноБура во Стара Загора на само часови до мечот Силекс – Динамо Минск (ВИДЕО)
СледноМухова е првата финалистка на Вимблдон