Малиот Кралевски го сопре Нестор!

0

Попладнево во меч од 15.коло во ХНЛ, Локомотива успеа со 2:1 да го победи Славен Белупо. Илија Несторовски беше главен адут кај гостите во поглед на головите, но искусниот македобнски напаѓач кој важи за еден од најдобрите во елитната лига во Хрватска, сепак не се наигра на овој меч.

Една од причините за тоа беше настапот на Теодор Кралевски, младиот стопер на Локомотива кој го сопре Нестор и беше еден од најдобрите во својот тим.

Инаку Теодор е син на Игор Кралевски, некогашниот стопер кој имаше успешна кариера во неколку наши клубови, беше дел од Хајдук а играше и за репрезентацијата на Македонија.

ПретходноНова БЛАМАЖА на Јунајтед: Ни Покетино, ни “СВЕТИ ПОКЕТИНО“ не помага!