Кимих исклучен а и Лајмер се повреди: Баерн само до бод во Хамбург! Падерборн броеше до ОСУМ!

0
ФОТО:.facebook.com/fcbayern.en/

И дефинитивно овој Баерн без Кејн и Олисе не е вече тој СТРАШЕН Баерн. Само 0:0 на гостувањето кај Хамбургер, само бод во Хамбург попладнево во меч од 11.коло. Инаку можеше да остане и без бод, ама и вака е зад Дортмунд, имено лидерот сега има шанса да му избега на шампионот на +4 бодови.

Треба да се напомене дека капитенот Кимих во 44.минута направи невидена глупост, повлече еден домашен играч за коса и јасно е дека доби директен црвен картон, со што го остави својот тим со играч помалку. Во самиот финиш и Лајмер се повреди па мораше да биде заменет, уште еден голем проблем за тренерот Винсент Компани.

Падерборн против Шалке броеше до ОСУМ за победа од 8:1. Марино постигна хет – трик.

И Бултер од Келн забележа хет – три во победата на својот тим од 5:0 против Елверсберг.

Мајнц со 2:1 го победи Унион Берлин иако до 85.минута беше 0:1 за гостите.

ПретходноПоложани: Оваа победа му ја посветуваме на покојниот Агрон Мемеди!