Струга ТЛ денеска во Кратово на ужасниот терен, беше поразена од Силекс со 1:0. Со тоа се прекина победничката серија на тимот на Бледи Шкемби, кој имаше и тоа како што да каже за тоа што се случуваше на овој натпревар.
“Пораз за кој мислам дека не го заслуживме. Поразот дојде од ВАР, но генерално мислам дека судиите направија многу грешки во овој натпревар на наша штета Да се зборува за нормален фудбал на тој терен е невозможно. Не можат да се наречат фудбалски натпревари. Принудени сме да играме и да се адаптираме на овие терени, па затоа не треба да имаме никакви изговори.“ кусо искоментира тренерот на Струга ТЛ кој не го криеше своето незадоволство на се она што денеска се случуваше во Кратово.















