Шкендија има предност од 0:1 по првото полувреме на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра на Гибралтар кај составот на Европа.
Се играше 28.минута кога по асистенција на Крстевски, Ндзенгуе убаво се снајде пред домашниот гол и донесе радост во таборот на нашиот претставник.
Тетовци не блескаат, ама сепак имаа шанси и за поубедливо водство, посебно онаа на Трумчи во 32.минута, а на Ндзенгуе во 37.минута му беше поништен гол поради офсајд позиција.
Реваншот се игра во Скопје следниот четврток.
1.квалификациско коло во ЛК – прв меч
ЕВРОПА – ШКЕНДИЈА 0:1 (0:1)
Европа поинт стадион на Гибралтар. Судија: Константинос Фелас (Кипар). Стрелци: Ндзенгуе 28. (ШКЕ).
ЕВРОПА: Де Лука, Џонс, Висенте, Валес (41.Пецино), Драмех, Мпинди, Квинтана, Фернандез, Кармона Родригез, Руиз, Виголо.
ШКЕНДИЈА: Гаје, Ислами, Фетаи, Мелиќи, Трумчи, Зејнулаи, Иса, Красничи, Димоски, Ндзенгуе, Крстевски.










