Пелистер од денеска и официјално е посилен за тројца искусни играчи кои некогаш го носеа дресот на овој клуб. Раководството на клубот и официјално објави дека Петар Љамчевски, Јорданчо Наумоски и Симеон Христов се нови имиња или повратници, во таборот на битолскиот клуб.
Инаку Симеон Христов е син на новиот шеф на струката во Пелистер,Борче Христов.
Со искуство и младост, битолскиот второлигаш ќе се обиде експресно да се врати во елитната лига на мак-фудбалот.










