Шкендија против Европа покажа како се игра во ЕВРОПА! (ВИДЕО)

296

Европа – Шкендија 0:5 е исходот од мечот на Гибралтар, прв од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ова е јубилејна 25-та победа во Европа за Шкендија и тоа во 70-тиот меч.

Ндзенгуе, па двапати Тамба и Криеизу покажаа кој е кој во овој дуел. Стратегот Артим Положани може да биде задоволен од победата на своето официјални деби како тренер на Шкендија.

Да, иако тимот на Европа не е којзнае какво мерило, ама сепак Шкендија покажа како се игра во Европа.

Интересно, домашните мечот го започнаа доста агресивно, како да сакаа да покажат дека немаат намера така лесно да го положат оружјето. Сепак првата шанса ја имаа тетовци уште во 4.минута преку Ндзенгуе, но неговиот шут за малку не заврши во голот, се закани и Иса, но неговиот удар беше блокиран во корнер.

Европа преку Руиз можеше да ги шокира тетовци, но неговиот удар заврши над голот. И во 28.минута конечно гол за Шкендија, Крстевски асистира а Ндзенгуе стрела за 0:1.

До крајот на првиот дел Трумчи мораше да шутира попрецизно, а вториот гол на Ндзенгуе беше поништен поради офсајд.

Во второто полувреме домашниот состав беше уште поагресивен, имаше и неколку закани, ама убаво се виде каде е квалитетот.

Па така во 52.минута Тамба, кој штотуку влезе во игра, погоди за удвојување на водството на Шкендија на 0:2.

Иако домашните храбро тргнаа кон гостинскиот гол, сепак Шкендија беше таа што имаше барем уште две – три опасни закани.

Се играше 75.минута кога Тамба по додавањето на Зејнулаи погоди уште еднаш за 0:3. И тоа беше се, стрелаше е големото засилување Криеизу во 84.минута за 0:4. А како може да заврши мечот ако Бесарт Ибраими не постигне гол. Ветеранот погоди за 0:5 во 87.минута.

По овој резултат јасно е дека реваншот во Скопје во четврток на Арената “Тодор Проески“ ќе биде само формалност. Шкендија во 2.квалификациско коло ја чека двомеч со Браво, тим од Словенија.

1.квалификациско коло во ЛК – прв меч

ЕВРОПА – ШКЕНДИЈА 0:5 (0:1)

Европа поинт стадион на Гибралтар. Судија: Константинос Фелас (Кипар). Стрелци: Ндзенгуе 28., Тамба 52., 75., Криезиу 83., Ибраими 87. (ШКЕ).

ЕВРОПА: Де Лука, Џонс, Висенте, Валес (41.Пецино), Драмех, Мпинди, Квинтана, Фернандез (76. Кабаљеро), Кармона Родригез (53.Хередиа), Руиз, Виголо (75. Лабрадор).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Ислами (46.Фреитас), Фетаи, Мелиќи, Трумчи, Зејнулаи (86.Ф.Рамадани), Иса (46.Тамба), Красничи, Димоски, Ндзенгуе (76.Ибраими), Крстевски (62.Криезиу).


ПретходноСупер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја! (ВИДЕО)
СледноВасоски: Имаме добар резултат, но ништо не е готово!