Добра вест за Французите: Мбапе ќе биде подготвен за полуфиналето

307
фото: Mirror Football @MirrorFootball (X)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе изјави дека повредата што ја заработил на натпреварот против Мароко не е сериозна.

Во 76-тата минута од четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 2026 година (2-0), Мбапе, кој постигна гол и асистенција, седна на теренот и покажа дека не е подготвен да продолжи. Килијан требаше да биде заменет и тој сам го напушти теренот.

„Добро сум, си го повредив глуждот, но добро сум. Во тој момент, Жан-Филип Матета беше во подобра форма од мене за да ги одигра последните 15 минути, па јас излегов, а тој влезе како замена. Беше добар и речиси постигна гол. Сè уште има долг пат пред нас, а нè очекуваат уште поголеми предизвици, но брзо ќе се опоравиме“, изјавил голгетерот на Реал (М).

ПретходноПоложани: Честитки за играчите на оваа убедлива победа!
СледноЗаврши неверојатната серија: Мароко загуби првпат по 35 натпревари