„Ни се случи катастрофа против Силекс…“

252

Белоруската јавност е шокирана а навивачите на Динамо Минск паднаа во очај по поразот на нивниот клуб од Силекс (0:1), во првиот меч од првото квалификациско коло од новата сезона во Конференциската лига. Иаако екипата беше како гостин во бугарскиот град Стара Загора, а средбата се играше пред празни трибини, сепак очекувањата од настапите во натпреварувањето на УЕФА беа големи за клуб кој е најголем во својата земја и клуб кој е лидер на табелата.

„Не знам ни самиот што се случи и како одиграа некои од играчите. По се изгледа дека ќе треба да им зборувам на друг јазик во пресрет на реваншот во Скопје. Знаевме дека Силекс ќе игра дефанзивно, ние имавме поседн на топката но не и агресија, завршница или акција која ветуваше гол. Се подобривме во второто полувреме но не реализиравме. Против себе имавме цврст и дисциплиниран тим. Ние ќе мора да се менуваме, ќе мора да нападнеме и во Скопје каде верувам дека ќе бидеме вистинските и дека таму ќе се извадиме за она што неуспеавме да го направиме на првиот натпревар“, коментира тренерот на белорускиот тим Динамо Минск, Александар Шагојко.

Силекс до својата прва победа на гостински терен во натпреварувањата на УЕФА дојде со гол од пенал преку новото засилување Хасукиќ кој реализираше во 42 минута, период до кој тимот од Кратово имаше три идеални прилики за гол.

ПретходноНе се случи ново чудо: Зверев ја „реши“ сензацијата на Вимблдон за финале
СледноОфицијално: Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички!(ФОТО)