Сега веќе се знае дека Шкендија Арачиново и дефинитивно не се шегува. Имено попладнево клубот кој во следната сезона ќе го има своето деби во елитната лига на Македонија, промовираше уште пет нови засилувања.
Тоа се Мартин Тодоров, Хадис Велии, Сумер Хасан, Есмин Личина и Аритон Мехмеди. Јасно е дека со овие играчи ростерот, па и квалитетот на тимот и тоа како ќе добие на вредност.
Инаку досега во овој летен преоден рок клубот од Арачиново беше еден од оние кои се најангажирани. Успеа да го задржи “костурот“ на тимот, но и да го засили.















