Македонија „бетонирана“ во третиот шешир за квалификациите за ЕВРО 2028

173

Македонската фудбалска репрезентација наесен ја очекува нова „рунда“ во Лигата на Нациите, каде што сме во исклучително силната група заедно со Швајцарија, Слвоенија и Шкотска. За да по оваа кампања, следуваат редовните квалификации за Европскиот шампионат во 2028 година, на кој што пак заеднички домаќини се Англија, Велс, Шкотска и Република Ирска.

Ждрепката е на 6 декември во Белфаст

Македонија, како и остатокот од Стариот континент, своите противници во групата ќе ги дознае на 6 декември, кога е закажана ждрепката во Белфаст, Ирска. До тогаш реално ќе бидат и завршени активностите во Лигата на Нациите, кои што стартуваат со мечот Македонија – Швајцарија на 26 септември во Скопје, а финишираат со дуелот Македонија – Словенија на 16 ноември исто така на Арената Тодор Проески во Скопје.

Од третиот шешир чекаме добар противни, распоред и евентуален пласман на ЕП

Македонија веќе еднаш беше на Европско првенство во 2021 година во Полска. Сега, третиот шешир од каде што ќе ги дочекаме квалификациите ни дава за право да се надеваме на добри противници, по мерка што се вели и нормално добар распоред со што би ни се олесни патот кон континенталниот шампионат.

Ждрепката ќе донесе дванаесет групи од кои победниците одат директно на „Островот“ на ЕП, додека друштво ќе прават и осум најдобро второпласирани селекции. Останатите четири второпласирани ќе играат баражи со четири победници  од Лигата на нации.

Од вториот шешир да речеме Косово најмногу би ни одговарал како селекција од тој „пот“ за да може да се надеваме на подобар скор и евентуален пласман како второпласирани во групата.

 

ПретходноАлександар Таневски и официјално се прости од ФК Скопје
СледноМарк Маркес најдобар на спринтот во Германија