Досегашниот тренер на тимот на Скопје, кој што од ВМФЛ конкуренцијата се пресели во „елитата“ и официјално се прости со неговата досегашна функција.
Таневски преку социјалните мрежи објави дека и официјално повеќе не е дел од клубот заблагодарувајќи се на соработката и посакувајќи им на момците од Автокоманда многу среќа во иднина.
„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех.
Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив — токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка.
Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде — во Првата лига.
Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени.
Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“ – напиша Таневски.















