Јуниорките на Бугарија повторно подобри од ослабената Македонија во Ботевград

37

Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77:56.

Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки – Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ – македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата четвртина создаде значајна резултатска предност.

Бугарија по првите десет минути водеше со 27:11, а на полувремето ја зголеми разликата на 42:21.

Во второто полувреме избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа подобра игра. Натпреварот беше многу поизедначен, а во последната четвртина Македонија успеа да ја намали високата негатива и да остави подобар впечаток во завршницата.

Според официјалната статистика, Карајованова оствари „дабл-дабл“ учинок со 13 поени и 11 скокаТрајковска постигна 11 поени, а Пислевска натпреварот го заврши со 9 поени.

Двата контролни натпревари во Ботевград беа дел од подготовките на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 31 јули до 9 август ќе се одржи во Тулчеа, Романија.

ПретходноСинер го „скрши“ Зверев и ја одбрани титулата на Вимблдон
СледноФудбалерите на Реал (М) постигнаа рекорден број голови на Мундијалот!