Синер го „скрши“ Зверев и ја одбрани титулата на Вимблдон

53
фото: Sky Sport Austria (X)

Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во денешното финале во четири сета со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3 и 6:4) славеше против Александар Зверев. Италијанецот ја продолжи позитивната серија во меѓусебните дуели со Германецот и со 11-тата победа успеа да дојде до уште еден вреден Гренд Слем трофеј.

Зверев не успеа да се избори за својата втора Гренд слем титула, откако неодамна заврши со долгиот пост освојувајќи го Ролан Гарос. Гледачите денеска гледаа многу израмнет дуел и само нијанси во последните два сета пресудија во полза на Синер. Особено израмнети беа првите два сета во кои гледавме битка во тај-брејк.

Италијанецот изгледа импресивно на теренот и претрпе само три порази оваа година во сингл натпреварите. Со денешната победа Синер стана само десеттиот тенисер во Опен ерата кој успеал да ја одбрани титулата на Вимблдон.

ПретходноСофијаноски е нов фудбалер на Арсими
СледноЈуниорките на Бугарија повторно подобри од ослабената Македонија во Ботевград