Софијаноски е нов фудбалер на Арсими

69

Екипата на Арсими вечерва го потврди трансферот на дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски.

Софијаноски, едно од најбараните имиња во овој преоден рок, доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров каде постигна 2 гола и имаше 4 асистенции на 31 натпревар минатата сезона.

Претходном младиот фудбалер играше и за Брегалница, Воска и Тетекс, додека како дете ја помина академијата на Вардар и Њу Старс.

Софијаноски е и редовет репрезентативец до 21 година.

ПретходноМурињо прави изненадувачки трансфер: Брозовиќ на чекор до Реал?
СледноСинер го „скрши“ Зверев и ја одбрани титулата на Вимблдон