Вардар по гостинска сензација во Финска

106

Денеска актуелниот македонски шампион, тимот на Вардар, од 17:00 часот гостува во Финска, кај тамошниот првак КуПС во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите.

Во услови во кои што за Вардар и се во моментов необични, со пролетна температура во јули, и вештачка подлога ќе се обиде да ја анулира предноста на противникот од Скопје, која што не е мала, (0:2) и да приреди вистинска сензација. Дали е тоа можно ќе видиме, и истото зависи од неколку фактори.

Како на пример…?

Ако тренерот на Вардар, Кристиан Фабиани коренито го промени стартниот состав и се откаже од дел од своите сонародници аргенцинци кои ни криви ни должни во Скопје добија статус на стартери. Ако тимот го промени односот на терен и почне да ја игра улогата на најдобар македонски фудбалски колектив во моментов, и одигра барем дел од на што го знае.

Конечно, ако покаже капацитет и подготвеност да одигра на потребното ниво на шампион.

Торес и Босанчиќ во „аут“

Вардар денеска дефинитивно е без Босанчиќ и Торес. Првиот во Скопје влезе во вториот дел, да поправи она што можеше да се поправа, но за десетина минути доби два жолти картони и исклучување. Торес пак е повреден и не е во можност да помогне.

„Варе Арена“ е распорадена

Информациите од Куопио велат дека денеска Вардар ќе игра пред полн капацитет на Варе Арената. Билетите се распорадени и домаќинот ќе има полни трибини поддршка.

Како што веќе напоменавме, вештачката трева исто така е голем плус за КуПС нешто што минатото лето Вардар во Лозана го чинеше дебакл од пет гола.

 

 

ПретходноСилекс го распродаде дуелот со Динамо Минск
СледноДешамп: Свесни сме дека ова може да биде најспектакуларниот натпревар на турнирот