Силекс го распродаде дуелот со Динамо Минск

320

Екипата на Силекс ќе игра пред полни трибини на реваншот против Динамо Минск во рамките на првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Овој дуел е закажан за во четврток со почеток во 20 часот. Со оглед на тоа дека кратовскиот тим игра на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, бројот на влезници е ограничен и истите веќе не можат да се најдат во слободна продажба.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени!

Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје“, се вели во известувањето на Силекс. 

ПретходноМладинците ја запишаа првата победа на Европското првенство
СледноВардар по гостинска сензација во Финска