После четирите порази во низа, македонската младинска репрезентација го запиша првиот триумф на Европското првенство. Нашите момци беа подобри од селекцијата на Летонија со 35-31 во новоформираната група за разигрувањето за конечен пласман.
Победата е сосема заслужена, особено ако се земе во предвид дека во поголем дел од мечот водството го имаше токму Македонија. Клучниот момент за триумфот се случи во вториот дел, после 24-24, нашите ракометари со две серии успеаја да обезбедат позитива за мирен финиш. Поведоа со 27-24, а потоа и со 30-25 и го најавија првиот триумф. Инаку на полувремето, Македонија водеше со 16-13.
Лидери во нашиот тим беа Лазов со 9 погодоци и Лука Ѓоргиевски, кој постигна еден погодок помалку.
За која позиција ќе се бори нашата репрезентација на овој шампионат ќе биде познато по комплетирање на резултатите.










