Арсими го промовираше Фисник Зука!(ФОТО)

81

Од вечерва и официјално Фисник Зука (30) е нов член на Арсими. Од таборот на прволигашот објавија дека се засилиле со искусен бек од кој се очекуваат добри игри.

Еве како го најавија Зука:

Арсими со задоволство го најавува следниот трансфер на овој пазар, дефанзивецот Фисник Зука.
Зука, едно од најискусните имиња во домашниот фудбал, со над 250 натпревари во ПМФЛ, доаѓа од Башкими како големо засилување за жолто-црната одбрана. Во текот на својата кариера играл во тимови како Гостивар, Ренова, Скопје, Македонија ЃП и Работнички, а се докажал и во странство со Фљамуртари во Албанија!
30-годишникот потпиша договор на една година со жолто-црните, одлучувајќи да го носи овој дрес покрај многуте понуди што ги имаше овој летен пазар, а за нас тоа ќе биде дополнително оружје на зелениот терен, но и надвор од него, знаејќи го неговиот силен карактер!
Му посакуваме добредојде и му посакуваме уште повеќе успеси!
Добредојдовте во жолто-црното семејство“

ПретходноСерафимов и Левски го декласираа Борац на Херера и Шишковски!
Следно“Фуријата“ го „расипа“ спектаклот, Шпанија си поигруваше со Франција за пласман во големото финале!(ВИДЕО)