Вардар попладнево на реваншот во Куопио успеа да победи со 2:3, и тоа по продолженијата, но тоа не беше доволно да се оди во второто коло во квалификациите во ЛШ. Пресудија оние 0:2 во Скопје за КуПС минатата недела.
По мечот во Куопио, свој коментар имаше тренерот на Вардар, Кристијан Фабиани:
„Предноста на КуПС пред овој двомеч како што кажав и претходно беше што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари зад себе. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека на нив добро сме се подготвиле – одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели.“










