Македонските одбојкарски преставнции во ЦЕВ Челинц Купот, денеска во Луксембург, исто така ги добија противниците за првите кола од квалификациите во ова трето по ранг европско клупско натпреварување.
Во женска конкуренција, шампионот Работнички и скопскиот ривал Јанта Волеј добија интересни ривали во премиерната рунда. Шампионките во првото коло ќе се сретнат со екипата на Кифисија од Грција, со тоа што предноста на домашниот терен ќе ја има нашиот шампион.
Јанта Волеј во првата рунда од ова натпреварување најпрво на домашен терен ќе ја пречека екипата на Лвл Прага, а потоа реваншот ќе го одигра на гостински терен. Првите средби се закажани од 27 до 29 октомври, додека реваншите ќе следуваат седум дена потоа.

Во машкото издание на ЦЕВ Челинџ Купот, екипата на Струмица во премиерното коло за ривал доби екипа од Финска. Силниот ривал за струмичани доаѓа од Састамала во името на Форд Лаваранта. Првиот натпревар ќе се игра во Финска, а реваншот ќе биде во Струмица.











