Положани: Концентрација и одговорност и покрај големата предност

57
ФОТО:kfshkendija.com/

Екипата на Шкендија утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра реванш дуелот од првото квалификациско коло за Конференциската лига против тимот на Европа од Гибралтар. Тетовци имаат огромна предност од првиот меч со кој го добија со 0:5, но далеку од тоа дека треба да има опуштање.

Напротив, тренерот Артим Положани на денешната прес конференција предупреди дека не смее да се потцени било кој противник, па ни Европа.

„Имаме добар резултат од првиот меч, но тоа не значи дека ќе влеземе опуштено. Мора да одиграме на ниво кое ќе ни биде неопходно за следните натпревари во Европа. Треба да се консолидираме и во одбраната и во нападот, затоа што таков пристап ќе ни биде потребен и понатаму“, изјави Положани.

„Не размислуваме за следната фаза. Сега сме фокусирани само на утрешниот дуел, затоа што секогаш има изненадувања. На овие натпревари не смееме да си дозволиме грешки. Не значи дека по 5-0 ќе имаме лесен меч“, порача стратегот на Шкендија.

 

 

ПретходноТиквеш донесе лев бек со Крузеиро и Васко Де Гама во своето портфолио
СледноЕлена Ѓорѓиевска во дресот на Ц.Звезда