Промоција: Муарем Муарем и официјално на клупата на ФК Скопје!(ФОТО)

78
ФОТО:.facebook.com/p/FC-Skopje-61586157317077/

Она што се најавуваше со денови,секако и од наша страна, попладнево е и официјално. Имено Муарем Муарем е новиот стратег на ФК Скопје, тимот кој се врати во елитната лига на Македонија. По разделбата со Алелсандар Таневски, раководството на клубот од Автокоманда се одлучија клупата да му ја доверат на Муарем, кој во изминатите 2-3 години беше тренер на Гостивар, Башкими и Работнички.

Скопје со одбрани зборови го претстави својот нов тренер:

Пред да ја отвориме новата страница и да тргнеме во нови победи, сакаме да упатиме огромна и искрена благодарност до досегашниот шеф на стручниот штаб, Александар Таневски.

Му благодариме за неговиот исклучителен професионализам, неуморна работа, посветеност и за сите заеднички моменти и битки кои ги поминавме заедно на теренот. Александар, ти посакуваме многу здравје, среќа и уште поголеми успеси во твојата понатамошна тренерска кариера! Вратите на нашиот клуб за тебе се секогаш отворени.

Со големо задоволство и гордост го претставуваме новиот лидер на нашиот тим. Нов шеф на стручниот штаб е добро познато фудбалско име – Муарем Муарем!

Како наш поранешен истакнат фудбалер кој добро го познава менталитетот и вредностите на клубот, но и како поранешен репрезентативец кој со гордост го носеше националниот дрес на Македонија, Муарем со себе носи огромно меѓународно и домашно искуство, победнички карактер и визија за модерен фудбал. Неговото враќање во клубот, овој пат во нова улога, веруваме дека ќе донесе нова енергија и нови успеси.

Во реализацијата на новите цели, десна рака на Муарем ќе му биде Енес Ќаили, кој официјално се приклучува како помошник тренер. Неговата стручност, амбиција и фудбалско знаење ќе бидат непроценливо засилување за нашиот стручен штаб и за развојот на нашите фудбалери.

​„Силно веруваме во овој нов проект и во капацитетот на нашиот нов стручен штаб. На Муарем и Енес им посакуваме топло добредојде, многу среќа, мирна работа и заеднички да прославиме уште многу успеси и победи на теренот!“

ПретходноМихаил Маневски: Против Рига да ја поправиме сликата пред нашите фанови!
СледноЈамал си кажа против кого сака да игра во финалето!