Урнебесна порака до Макрон: “Го повикавте Вучиќ, ете затоа загубивте од Шпанија“!

186
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика бројни реакции, а меѓу оние што се огласија беше и поранешниот српски репрезентативец Владимир Штимац, кој е познат во својата земја како голем непријател на тамошнуте власти.
Поранешниот српски кошаркар ја искористи елиминацијата на „Триколорите“ за да испрати иронична или урнебеска порака до францускиот претседател Емануел Макрон на социјалните мрежи.
Повод за нејзиното објавување беше посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Париз, каде што присуствуваше на прославата на Денот на Бастиља.

Штимац во свој стил рече дека доаѓањето на Вучиќ е причината зошто Франција остана без место во финалето на Светското првенство.

Само да ти кажам, Емануел Макрон, дека загубивте затоа што го покани Александар Вучиќ да се слика со тебе и да дојде во Франција. Човекот е познат како најголемиот малер на Балканот. Штета што никој не те предупреди. Каде и да се појави, нешто тргнува наопаку“, напиша Штимац.

Неговата објава набрзо предизвика голем број реакции и коментари на социјалните мрежи, каде што корисниците беа поделени на оние кои ја сфатија неговата порака како шега и оние кои ја критикуваа.
Вучиќ ги помина претходните денови во главниот град на Франција по повод прославата на националниот празник на таа земја.

ПретходноПолувреме: Нервоза и кошкања по теренот, без гол во второто полуфинале
СледноИ Хаити реши да го смени селекторот