По феноменалниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство, но по натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание.
Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува на Лионел Меси упатствата што голманот на Англија ги имал за аргентинските изведувачи. Реакцијата на Меси станала моментален хит, бидејќи капитенот на Аргентина практично сè кажал со поглед.
Esto es increíble. Encontraron la botellita donde Pickford tenía anotado a dónde pateaban penales los jugadores de la Selección Argentina. Messi, Nico González y Enzo Fernández se cagan de risa jaja pic.twitter.com/LrYIbfa2gQ
— Iván (@ivanalvarenga1) July 15, 2026
Напишаното на шишето на Пикфорд содржел упатства за разни играчи на Аргентина. Кај Меси, на пример, било наведено дека иако е левак, голманот треба да се фрли надесно. Интересно е што имало забелешки дури и за Херонимо Руљо, резервниот голман на Аргентина.
Подоцна, се огласи и фитнес тренерот на Аргентина, Луис Мартин, кој објави фотографија од шишето на Инстаграм со пораката:
„Штета што немавме исти планови, човече“.
Аргентина ја победи Англија на крајот и закажа големо финале против Шпанија во Њу Џерси.










