Џуд Белингам се најде во центарот на вниманието по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство, кога го удри Валентин Барко на крајот од натпреварот. Сега се појави ново видео кое открива како всушност започнал конфликтот. Камерите снимија дека тензиите меѓу двајцата фудбалери започнале уште пред последниот свиреж на судијата.
Откако Енцо Фернандес постигна спектакуларен гол во 85-тата минута за израмнување на 1:1, Барко, кој целиот натпревар го помина на клупата, истрча на теренот за да го прослави голот со своите соиграчи. За време на прославата, тој се приближи до група англиски играчи, каде што за прв пат стапи во контакт со Белингам. Од видеото не е можно да се утврди што си кажале еден на друг, но јасно е дека тогаш се случила првата вербална расправија меѓу нив.
Ahhh, ahora entiendo, de ahí viene la cachetada de Billingham al Colo Barco.
La reacción del Colo después del gol de Enzo Fernando JAHAJAJAJAJA, que pedazo de hijo de puta este colorado. pic.twitter.com/YGUCLHENX7
— 💛🇦🇷 🅟🅐🅜🅟🅐 🇦🇷💙 (@Pampa139) July 16, 2026
По последниот свиреж, ситуацијата целосно ескалираше. Белингам се приближи до Барко и го удри по тилот, предизвикувајќи мешаница на теренот. Другите фудбалери на двета репрезентации набрзо се придружија на туркањето, но беше избегнат поголем инцидент, бидејќи соиграчите и членовите на тренерскиот штаб брзо ги разделија завојуваните страни.










