Екипата на Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во Европската лига во новата сезона. Битолчани се најдоа во доста интересна група, ќе играат против Ла Риоха, Вибеже Гдањск и Гумерсбах.
ЕХФ и официјално го објави распоредот за групната фаза. Пелистер тргнува на домашен терен против Ла Риоха, по што е гостин на полскиот тим.
Групната фаза стартува на 29/30 септември, а додека завршува на први декември.
1 коло, 29/30 септември, Пелистер – Ла Риоха
2 коло, 6 октомври, Вибеже Гдањск – Пелистер
3 коло, 13 октомври, Гумерсбах – Пелистер
4 коло, 16 ноември, Пелистер – Гумерсбах
5 коло, 24 ноември, Ла Риоха – Пелистер
6 коло, 1 декември, Пелистер – Вибжеже Гдањск










