И повеќе од успешна “генералка“ за Струга ТЛ во пресрет на стартот на новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Имено денеска во Корча, Струга ТЛ во пријателски натпревар го победи Скендербег со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше Арби Воша во 50.минута. Според извештаите од Корча, тимот на Бледи Шкемби одиграл квалитетно на овој натпревар, креирал неколку шанси а на крајот заслужено победил. Ова значи дека Струга ТЛ подготвено влегува во новата сезона во нашата елитна лига и како и секогаш, има високо амбиции.
Колку за потсетување, во рамките на 1.коло, Струга ТЛ следниот викенд го дочекува дебитантот во ПМФЛ, составот на Шкендија Арачиново.















