Брегалница ги договори Кико Стојкоски и Филип Алексовски!

420
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci/

Повратникот во елитата продолжува да ги засилува своите редови на една недела до стартот во новата сезона во ПМФЛ. Па така штипјани успеаја да договорат две квалитетни прволигашки засилувања. Тоа се Кристијан Стојкоски, кој доаѓа во Штип од Тиквеш, и Филип Алексовски од Башкими. Се е договорено, само останува официјална промоција и на двајцата. Интересно е што и двајцата потекнуваат од Македонија ЃП.

Да потсетиме дека во изминатите денови Брегалница се засили Мартин Стојанов, кој се врати во Штип откако претходно играше во Бугарија, а во последната сезона исто така беше дел од тимот на Тиквеш Кавадарци.

Нема дилеми дека полека, но сигурно, Брегалница успева да создаде респектабилен тим за тоа што ја очекува во елитата во сезоната која стартува следниот викенд.

ПретходноУспешна “генералка“ на стружани: Воша го “реши“ Скендербег среде Корча!
СледноНова „бомба“ од Тетово: Македонски репрезентативец пред промоција во Тетово!