Се чека амин од ЦЕВ: Штип УГД сака мечот од Лигата на шампионите да го игра во салата „Џексон“

95

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД ова анедела го дозна противникот во првото коло од квалиикациите во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Станува збор за шампионот на Холандија, Орион Старс, против кој штипјани ќе го имаат „огненото крштевање“ во елитното натпреварување.

Според планот на натпревари, првиот меч ќе биде на гости (20-22 октомври), додека реваншот ќе го одигра на домашен терен (27-29 октомври). Со оглед на тоа што салата во која штипјани ги играат домашните натпревари не е по стандардите на ЦЕВ, останува прашањето каде тимот ќе го одигра мечот како домаќин.

„Искрено, ќе направиме максимални напори да ја регистрираме новата штипска сала ‘Џексон’, но прашање е дали ќе стигнеме на време. Да почекаме уште малку, па ќе видиме каде ќе играме. Ние секако сакаме тоа да биде Штип, на домашен терен“, вели тренерот Кристиан Ристески.

Ако ЦЕВ не ја прифати новата сала во Штип, македонскиот шампион ќе мора да игра или во Скопје или во Струмица.

ПретходноЕден од најстарите фудбалски клубови во Португалија отиде во банкрот!
СледноЏангаровски е нов играч на Радник Сурдулица