Тимот на Шкендија осигура дефинитивно уште некое време да има статус на клуб кој што летово настапува во Европа.
Тетовски синоќа обезбедија пласман во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, со вкупната победа од 6:0 над гибралтарска Европа.
Сега, на ред доаѓа двомечот со словенечкиот тим на Браво.
Мечевите се закажани за 23 јули, четврток во 20:45 часот во Словенија, додека пак, реваншот е една недела подоцна на 30 јули на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:00 часот.
Освен Шкендија секако, и шампионот Вардар е сеуште дел од европското лето и покрај елиминацијата во квалификациите за ЛШ од фински КуПС. Вардар оди на двомеч со екипата на Рига.










