Младите од Вардар на калење во Автокоманда

306

Екипата на Скопје во своите редови за следните шест месеца ги обезбеди услугите на младите фудбалери на Вардар, Андреј Цветковски и Андреј Мурџески.

Андреј Мурџески веќе одработи една позајмица во тимот на Детонит, но преголемата конкуренција на левата бековска позиција во Вардар вели дека тој ќе мора повторно да оди некаде.

Андреј Цветковски пак, е У17 репрезентативец на Македонија, кој што исто така има професионален договор со Вардар, и доаѓа на Автокоманда исто така по сениорска минутажа.

ФК Скопје и него му ги отвара вратите за сениорска минутажа, клуб кој што секогаш имал чувство за млади играчи.

 

ПретходноДефинирани термините за двомечот Шкендија – Браво
СледноВардар оди на Рига без Торес, „паника“ за Велковски