Двата преостанати македонски претставници во Европа, екипите на Вардар и Шкендија в понеделник со ждрепката која што во седиштето на УЕФА ќе се одржи во 14:00 часот ќе ги дознаат потенцијалните противници за третото квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Како што е добро познато, шампионот Вардар оди на мегдан против тимот на Рига од Летонија, во двомечот кој што најпрво се игра во Скопје, додека пак, Шкендија по триумфот над гибалтарска Европа, ќе игра против словенечкиот тим на Браво.
И двата тима ќе мора што е многу важно да се напомене во исто време да ги одработат обврските и во домашниот ПМФЛ шампионат, кој што започнува следниот викенд.










