Македонија ја победи Грузија и ќе игра за деветтото место на ЕП Б дивизија

67

Македонската кошаркарска репрезентација У20 конкуренција, денеска со високи, убедливи и заслужени 97:62 ја совлада соодветната селекција на Грузија во рамките од Европскиот шампионат Б дивизија, и на тој начин обезбеди меч и битка за деветтото место на овој турнир.

Македонија издоминира на овој меч уште од првата минута, добивајќи ја стартната делница со 22:16.
Веќе во вторито дел се виде кој е кој и Македонија со 31:19 веќе имаше осетно водство на паузата.

Третата четвртина заврши со 26:18, за да се финишира со 18:9 до самиот крај.

Македонија на овој меч беше предводена од Марко Луканоски со 16 поени, додека пак, Бојан Димитриев, и Атанасиј Трајанов додадоа по свои 13 коша.

ПретходноШтета: Македонија поразена од Полска во пенал завршница
СледноПознато каде гостува Македонија…. Швајцарија ќе не пречека во Луцерн, Шкотска и Словенија на стандардните места