Успешна “генералка“ на стружани: Воша го “реши“ Скендербег среде Корча!

156

И повеќе од успешна “генералка“ за Струга ТЛ во пресрет на стартот на новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Имено денеска во Корча, Струга ТЛ во пријателски натпревар го победи Скендербег со 0:1. Стрелец на победничкиот гол за нашиот тим беше Арби Воша во 50.минута. Според извештаите од Корча, тимот на Бледи Шкемби одиграл квалитетно на овој натпревар, креирал неколку шанси а на крајот заслужено победил. Ова значи дека Струга ТЛ подготвено влегува во новата сезона во нашата елитна лига и како и секогаш, има високо амбиции.

Колку за потсетување, во рамките на 1.коло, Струга ТЛ следниот викенд го дочекува дебитантот во ПМФЛ, составот на Шкендија Арачиново.

ПретходноПелистер тргнува од дома, Ла Риоха прв гостин во Битола
СледноБрегалница ги договори Кико Стојкоски и Филип Алексовски!