Шкендија и Вардар в понеделник ќе ги дознаат можните ривали за 3.квалификациско коло во ЛК

140
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Познато е дека по елиминацијата на Силекс, Македонија остана со два претставника во втората квалификациска рунда, тоа се Шкендија и Вардар. Тетовци за ривал го имаат Браво од Словенија, а Вардар има двомеч со Рига од Летонија.

Иако ни првите мечеви нема да бидат одиграни, и Шкендија и Вардар ќе ги дознаат можните противници за 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа во понеделник. Ждрепката е закажана за 14 часот, а некаде околу 8.30 часот УЕФА ќе го скрати списокот.

Инаку Вардар ќе чека противник од “шампионскиот пат“, а Шкендија и во 3.квалификациско коло ќе биде носител, што значи има шанси да се падне ривал кој може да се мине.

Oвие мечеви се играат на 6 и 13 август.

ПретходноДешамп во неверување од барањето на неговите играчи пред натпреварот за бронза!
СледноМеси за Јамал: Му посакувам многу успеси со Барса, ама не и во финалето на СП!