Македонската машка кадетска репрезентација ја оствари првата победа на контролите со Грција. Денеска избраниците на селекторот, Горан Кузманоски слава со 31:29 на дуелот со јужниот сосед.
Во Скопје овие две репрезентации ќе одиграат и втор контролен меч, како последна подготовка за нашата селекција пред настапот на Европското првенство. Втората средба е утре со почеток во 12 часот.










