Пријателски: Пелистер со катастрофален пораз од 8:0, Работнички подобар од Брера

764

Екипата на Пелистер со очаен старт на првата контрола во очекување на новата сезона во второлигашкото друштво. Во првиот интернационален контролен натпревар од подготовките Пелистер загуби од грчки Паниониос со неверојатни 8:0.

На полувреме Грците имаа предност од 3:0, а во вториот дел постигнаа уште пет погодоци. Ова беше и неславно деби за новиот тренер Христов.

Екипата на Работнички славеше против екипата на Брера со 1:0. Единствениот погодок за „романтичарите“ го постигна Матеј Киш во 52. минута.

ПретходноКадетите славеа на првиот тест со Грција
СледноТринкао од Спортинг во Ал Ахли за 45 милиони евра