Тринкао од Спортинг во Ал Ахли за 45 милиони евра

53
фото: Al-Ahli Saudi Club @ALAHLI_FCEN (X)

Португалскиот репрезентативец Франциско Тринкао се пресели во Ал-Ахли.

Клубот од Саудиска Арабија го објави трансферот на 26-годишниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, откако страните потпишаа четиригодишен договор.

Претходно беше објавено дека клубот од Џеда ќе плати 45 милиони евра за играчот, а уште 5 милиони евра потенцијално ќе бидат исплатени како бонуси.

Минатата сезона, Тринкао постигна седум гола и имаше 11 асистенции во 34 натпревари од португалското првенство. На СП оваа година одигра само 27 минути и тоа на мечот со Узбекистан.

ПретходноПријателски: Пелистер со катастрофален пораз од 8:0, Работнички подобар од Брера
СледноМладинците ја победија Холандија и утре ќе играат за 9. место