Младинците ја победија Холандија и утре ќе играат за 9. место

55
фото: mkd.basketball

Македонската младинска кошаркарска репрезентација одигра уште еден убедлив натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Избраниците на селекторот Никола Велев ја совладаа Холандија со убедливи 89:60 и утре ќе играат за конечен пласман на деветтата позиција.

Најефикасен во македонскиот состав беше Ќириловски со 18 поени и шест скока, Марјановиќ додаде 12, додека Димовски и Петрушевски имаа по 10 поени.

Утре, на последниот ден од Европското првенство во Братислава, Македонија ќе се бори за деветтото место, против победникот од дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Азербејџан.

ПретходноТринкао од Спортинг во Ал Ахли за 45 милиони евра
СледноЧелзи го урива рекордот: Морган Роџерс на „Стемфорд Бриџ“ за 117 милиони фунти!