Искусното репрезентативно либеро Костадин Ричлиев и новопечениот македонски репрезентативец Махди Задмард и во новата сезона ќе бидат дел од костурот на макеоднскиот одбојкарски шампион Штип УГД.
Штипјани денеска ги потврдија новите договори и за двајцата. Задмард е во процедура на регистрација како нов македонски репрезентативец, додека либерото Ричлиев е веќе стандарден во нашата машка сениорска репрезентација.
Штип УГД вчера го потврди и останувањето на Стојче Арсов со нов договор на три години, а едногодишно продолжение на соработката потпиша и Михајло Мирасчиев.










