Македонската младинска кошаркарска репрезентација одигра уште еден убедлив натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Избраниците на селекторот Никола Велев ја совладаа Холандија со убедливи 89:60 и утре ќе играат за конечен пласман на деветтата позиција.
Најефикасен во македонскиот состав беше Ќириловски со 18 поени и шест скока, Марјановиќ додаде 12, додека Димовски и Петрушевски имаа по 10 поени.
Утре, на последниот ден од Европското првенство во Братислава, Македонија ќе се бори за деветтото место, против победникот од дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Азербејџан.










