Во пресрет на настапот на Европското првенство, македонската машка ракометна кадетска репрезентација на два пари спарингуваше со соседна Грција во пријателски мечеви.
И на два пати обезбеди убав и сигурен триумф. Вчера победата беше означена со резултат 31-29, а денеска избраниците на Горан Кузманоски триумфираа со со 26-20.
Македонија имаше контрола на резултатот, и во првиот дел на неколку наврати имаше прдност, но на полувреме се замина со 12:12. Сепак, во продолжението, востпоставивме резултаски плус кој во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
На ЕП во Србија нашите момци ќе се соочат со Словенија, Шведска и Франција









