Бојан Илиевски е нов играч на Тирана

307
ФОТО: FFM.MK

Повремениот македонски А репрезенаттивец Бојан Илиевски е нов играч на тимот на Тирана.

Досегашниот член на екипата на Струга Трим Лум, се сели кај нашиот западен сосед во тим кој што за следната сезона има доста големи амбиции да биде на самиот врв на табелата и да се бори за титулата, како и за место во Европа.

Илиевски ова лето си замина од Струга, и се знаеше дека ќе има нов клуб. Тој претходно настапуваше за екипите на Пелистер, Макеонија ЃП, Работнички, а за репрезентацијата на Македонија одигра досега десет мечеви.

 

Претходно„Уживав да бидам лошото момче и да ги провоцирам луѓето“
СледноМакедонија уште еднаш подобра од Грција