Шпанија против Аргентина, ова е финале за уживање

532

Денеска е последниот ден од СП 2026. Секако дека во преден план во светот на фудбалот е големото финале во кое во битка за светската титула ќе се борат Шпанија и Аргентина, европскиот против светскиот првак, кој е и првак на Ј.Америка.

За очекувањата од ова финале свое видување има нашиот аналитичар Срѓан Захариевски во рубриката “Коментар на денот“.

-Шпанија VS Аргентина…

Посакувано, очекувано финале, големо финале, ова е финале за уживање. И Шпанија и Аргентина заслужено ќе играат во последниот меч на Мундијалот, заслужено ќе бијат битка за титулата. Како прво шансите се 50-50, тука нема дилеми. И двете селекции имаат и тоа каков квалитет за да дојдат до титулата. Од Аргентина очекувам висок пресинг, агресивна игра, стил кој ќе се обидат да го наметнат. Секако и цврста одбрана. Ако сака победа Аргентина мора, ама баш мора по секоја цена да не дозволи целосна доминација на Шпанија. Онаа репрезентација која ќе наметне свој стил на игра е многу поблиску до победата. Шпанија секако ќе бара доминација и посед, куси додавања, таа нивна “тика – така“, без нервоза, смиреност без разлика во тој момент каков ќе биде резултатот. Јас не се сомневам како тоа ќе настапи Шпанија, а нема потреба нешто да менува ако се знае дека досега нивниот систем функционираше. Се надевам на спектакуларен меч, тука има мотиви до небо, тука треба фудбалот да победи и да го добиеме светскиот првак кој заслужува тоа да биде“.

-Епска битка меѓу Јамал и Меси…

Едниот е најдобриот во историјата, а другиот е на пат до испишува историја. Меси е двојно повозрасен, и двајцата се од школата на Барселона. Јасно е дека Аргентина зависи во многу од Меси, додека Јамал е само додадена вредност на Шпанија. Ова не е нивни меѓусебен дуел, ова е дуел Шпанија – Аргентина, но секако дека фудблските фанови во светот си имаат свој фаворит. Двајца виртуози на фудбалот, еден на залез на кариерата а другиот допрва треба да стане еден од најдобрите во историјата. Секако спектакл…“.

-Франција – Англија 4:6 во битката за бронзата…

Немам коментар. Навистина сум разочаран, тоа не беше фудбал. Тоа беше она новото на Трамп што би се рекло. Мене ми наликуваше на некој Ол – Стар натпревар од НБА. Без никаква одбрана, секој напад е гол, паднаа 10 а можеше слободно да има 20 голови. Ова не е фудбал кој ние го знаеме, ова е некој друг спорт. Навистина немам што да коментирам или анализирам“ заврши Захариевски.

ПретходноСуеверниот Меси: Неверојатно е што прави најдобриот на сите времиња пред секое финале!
СледноПораз за крај од Србија: Младинците завршија 20-ти на Европското првенство