Пораз за крај од Србија: Младинците завршија 20-ти на Европското првенство

88
Фото: РФМ

Македонската младинска репрезентација со пораз се одјави од Европското првенство, откако беше поразена од Србија со 30-34 (12-20). Нашите ракометари завршија на 20-то место во конкуренција на 32 екипи.

Лошото прво полуврме во кое нашите момци имаа негатива од девет гола (10-19 и 11-20) беше причината за поразот. Во вториот дел се промени сликата, Македонија заигра на вистинското ниво, негативата од седум гол со серија од 5-1 ја намалија на 26-29 на стартот на последните десет минути. „Црвено-жолтите“ не искористија неколку напади да се заканат посериозно, противникот ја прекина нивната серија за 26-30.

Со голот на Лазов, Македонија на четири минути до крајот дојде на 29-31, но Србија и натаму беше во водство.  Гарбески ја искористи грешката на противникот за нови минус два 30-32. Но, противникот не се предаде, успеа да го приведе мечот во своја корист.

Марин Крстевски со 11 гола од 13 обиди беше прв стрелец во нашите редови,

ПретходноШпанија против Аргентина, ова е финале за уживање
Следно„Уживав да бидам лошото момче и да ги провоцирам луѓето“